Search

Спасовски: „Повеќе зелено“ е новата голема акција кој ја реализираме заедно со СДММ

„Повеќе зелено“ е новата голема акција кој ја реализираме заедно со социјалдемократската младина на Македонија – пошумување со над 10.000 дрвја на повеќе локации низ државата.

Со големо задоволство, на Кокино, заедно со младите социјалдемократи од мое Куманово ја покажавме посветеноста на СДСМ за зголемување на зелените површини, за здрава животна средина, како и за поттикнување на општествената свест.

Секако, ресорот со којшто раководам има надлежности во оваа борба за зачувување на шумскиот фонд. Така, во оваа прилика сакам да оддадам признание на полициските службеници коишто извршуваат полициски дејствија во насока на сузбивање на кривични дела во врска со пустошењето на шуми, нелегална сеча и трговија со дрва, но и постапување за заштита од шумски пожари, заштита на животната средина.

Зелената транзиција и зачувување на природното богатство се едни од нашите врвни приоритети!

По завршеното пошумување, ја посетив Општина Старо Нагоричане каде што остварив средба со заменик градоначалникот Бобан Цветановски.

Треба да знаете
Последни објави