Search

Пратеникот Тони Јаревски од Карпош завршил факултет кај Мерко на 40 години

Денеска од политичката партија ГРОМ реагираа на вчерашната пресконференција на ВМРО ДПМНЕ во која Јакимовски беше наречен портпарол на СДСМ и ДУИ кој го брани проектот Алумина за остварување на партиски интерес.
Во соопштението на ГРОМ стои: Замислите кој ги дава овие квалификации? Тони Јаревски кој на 40 години верувале или не дипломираше на престижниот универзитет кај Мерко и од дигач на рампи во Царина еволуира во пратеник во Собранието на Р.Македонија и портпарол на арамиското гнездо од белата палата, велат денеска од партијата на Стевчо Јакимовски.

„За разлика од Тони Јарески кој не знае да ги напише 600 милиони евра и неговата дружина која зборува само за профит, Стевчо Јакимовски проектот Алумина го гледа како можност колку архитекти на него ќе работат, колку градежни, електро и машински инженери, дизајнери, колку армирачи, зидари, тесари, парногреачи, плочкари, фасадери, стаклари, молери, паркетари, електричари, колку хортикултурци ќе садат и ќе одржуваат цвеќиња и дрва, колку водоинсталатери и колку бетонски бази и сепарации ќе работат на овој проект. Колку ИТ инженери, фирми , нотари, адвокати, странски компании, колку секретарки, сметководители, економисти, правници, трговци, менаџери, колу хигиеничарки, келнери и кувари.

А за градоначалникот Јакимовски е битно колку проектот Алумина ќе влијае на порастот на животниот стандард на жителите од Карпош и Скопје.
За луѓето од Струшкиот Хравард како Тони Јаревски и нему сличните најбитен е профитот. Криминалците зборуваат за криминал а работниците зборуваат за работа“, велат од ГРОМ во својата реакција.

Треба да знаете
Последни објави