Search

Поради дефект вечерва „половина“ од Македонија остана без струја

Центарот за управување со кризи вечерва информираше дека поради дефекти на електричната мрежа без електрична енергија останале 89 населени места во 13 општини.  

Според информациите на ЕВН кои ги пренесе ЦУК, во Скопје без струја останале населените места, Малчиште,Осилгани,Црн Врв, Елово Јаболце, Држилово, Нова Брезница, Црвена вода, Палиград, Алдинци, Солунска Глава. Во Битола, Буково и Горно Орегово, во Прилеп, Острилци, Мечкин Камен и хидроелектрана Острилска Река, Дервен, Присад, Сивец, Манастир Св.Ѓорѓи, Тополчани, Алинци и Мало Руфци и околината, Сенокос, Десово, Слепче, Дупјачани, манастир Трескавец, Градешница , Старавина, Будимирци и Мансатир Св. Илија. 

Во Куманово без струја се жителите од Гошинце и Лукаре, во Радовиш без струја е хидролошката станица, а во Гостивар жителите на Богдево, Ничпур, Стрезимир и Бродец.

Маврово без електрична енергија остнаа жителите на Трница, Врбјани, Сенче, Ништрово, Беличица, Леуново и Никифорово Церово и Сретково, во Кичево во Калиште,Цер,Бачила,Велмевци и Кладник, а во Кавадарци- Возарци, Брушани, Дабниште, Бегниште, Ресово, Ќосани, Дреново, Фариш,, Добротино, Ќесендре- Чемерско, Бохула, Радња и Крњево и извод Чашки. 

Во Виница без струја се 4 населени места и тоа Блатец, Брбушница, Лаки, Рибарник  и Сливт и околина, во Берово се исто така 4 и тоа Буковиќ, Сува река, Црник и Панчерево и околината.

Без струја останаа и пет населени места во Делчево и 8 во Крива Паланка. Во Делчево се  Гариган, Двориште, Инливски Колиби, Суви Лаки иТурвиште, а во тоа се Нерав,Манастир, Крива Река, Узем, Девер Баир, Тораница, Мала Црцорија и Трново.

Од ЦУК информираа дека тимовите на ЕВН работат на терен за непречено снабдување со електрична енергија во наведените реони. 

Треба да знаете
Последни објави