Search

Костадиновска-Стојчевска: Имаме недостаток на стручен кадар за заштита на културно наследство, затоа стипендираме нови студенти

„Се доработуваат Законот за заштита на културното наследство, Законот за прогласување на охридското старо јадро за културно наследство и Планот за управување со Охрид. За жал, она што недостасува е стручен кадар кој соодветно ќе одговори на потребите, бидејќи имаме богато културно наследство“ рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во Дневникот на МТВ.

Таа додаде дека со предложените законски измени, кои веќе се во Собрание, ќе се предвидат стипендии и гарантирано вработување на студентите на овие студии.

„Реагираме соодветно, но кога се работи за човечки ресурси, мора да помине процесот на едукација и доедукација. Правиме се во наша можност, дали е за зголемување на безбедноста или за подобрување на законите кои владеат во тоа поле“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Треба да знаете
Последни објави