Search

Бугарија по унгарската закана за вето се откажува од таксата за транзит на рускиот гас

Властите во Бугарија одлучија да ги укинат акцизите за транзитот на рускиот гас, откако Унгарија се закани дека ќе стави вето на членството на земјата во Шенген, изјави Петер Сијарто, унгарскиот министер за надворешни работи.

За унгарскиот министер за надворешни работи Сијарто, воведувањето акцизи е скандалозен и непријателски чекор, кој е целосно спротивен на правните правила на ЕУ и кој може да го запре снабдувањето со гас за Унгарија, Србија и Северна Македонија, за што властите во Бугарија „се потсмеваа“.

-Им дадовме до знаење на Бугарите дека ако продолжат да ја загрозуваат енергетската безбедност на Унгарија, ќе ставиме вето на нивното членство во Шенген зоната. Со оглед на тоа што таа одлука ќе биде донесена следната недела, тие неочекувано почнаа да се обидуваат да го променат законот. Сменете го тој закон, тогаш и ние ќе ја повлечеме нашата одлука за вето“ рече Сијарто.

И поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов во разговор со унгарскиот премиер Виктор Орбан најавил дека Софија на барање на Унгарија ќе ги укине акцизите за транзит на руски гас низ нејзина територија.

Треба да знаете
Последни објави