Search

Битиќи: СДСМ оди на двојна победа на изборите

Секогаш е добро кога ќе се видиме во Охрид!

Секој заслужува достоинствена плата, независно дали е вработен во јавниот или приватниот сектор. Затоа обезбедивме финансиска поддршка за субвенционирање на придонесите на нови и постојни вработени, за зголемување на платите на работниците од 3.000 до 9.000 денари во приватниот сектор, им порачав на присутните на трибината „Повеќе за сите!“ во Охрид напиша Битиќи.

Продолжуваме и со реализирање на системски мерки за ублажување на ефектите од ценовната и енергетска криза за што се предвидени 516 милиони евра, и тоа 189 милиони во 2023 година, и 327 милиони евра во 2024 година.
Од нив, 36,2 милиони евра за зголемувањата на платите во јавниот сектор преку усогласување со порастот на минималната плата, и тоа за 2023 година. За наредната 2024 година, обезбедени се 52 милиони евра за зголемувањето на платите во јавниот сектор согласно Општиот колективен договор, односно пораст на платата за 10% и исплата на регрес од 10.000 денари за годишен одмор. За истата мерка која предвидува зголемување на платите, во 2024 година се предвидени 150 милиони евра.
Бидејќи обезбедуваме достоинствени плати за сите, затоа и СДСМ оди на двојна победа на изборите. Ќе имаме победнички кандидат за претседател, а ќе ја формираме и новата европска Влада.

Треба да знаете
Последни објави