Search

Kонечно се враќаат 20 украдени македонски икони откриени во Албанија

Дваесет икони што биле украдени од македонските цркви, а откриени пред една деценија во Албанија, конечно, се вратени на нашата држава.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, на церемонија за свечено предавање на незаконски изнесените икони рече дека Владата високо го цени и го вреднува овој историски чин на враќање на дваесет икони кои им припаѓаат на македонските цркви и манастири.

– Во овој гест како израз на пријателство од страна на Владата на Република Албанија, премиерот Еди Рама и мојата колешка, министерката Елва Маргарити, не ја препознаваме само политичката порака за почитување на преземените обврски како држави. Многу повеќе ја препознаваме пораката за етичкиот и моралниот однос, како и вреднување на македонското заштитено културно богатство – изјави Костадиновска-Стојчевска.

Таа истакна дека успешната соработка е потврда за пријателството и довербата што ја негуваат двете министерства, потенцирајќи ги добрата волја и посветеноста од двете страни за заштита и промоција на заедничките културни обележја.

Албанската министерка за култура, Елва Маргарити, посочи дека е ова свечен момент кој нѐ направи да се чувствуваме горди бидејќи, како што рече таа, овој чин нѐ става во авангардата за спроведување на меѓународните конвенции.

– Oвој чин го отвора патот за враќање на другите предмети во нивните земји на потекло, што вклучува и враќање во Албанија на изгубени предмети, ограбени во нашите институции за културно наследство, музеи, паркови или култни објекти – додаде таа.

Треба да знаете
Последни објави