Search

Фон дер Лајен: ЕУ ја потврди својата колективна посветеност на иднината со сите шест партнери од Западен Балкан

ЕУ силно ја потврди својата колективна посветеност на иднината во која сите шест партнери од Западен Балкан се дел од Унијата, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен по завршувањето на самитот на Европскиот совет во Брисел.

Таа потсети дека за време на самитот на ЕУ, ЕУ одлучи да ги отвори пристапните преговори со Украина и Молдавија и да и додели на Грузија статус на кандидат за членство во ЕУ, како и да ги отвори пристапните преговори со БиХ кога це се исполни потребното ниво на усогласеност со критериумите за членство.

„Силно ја потврдивме нашата колективна посветеност на иднината каде што сите шест партнери од Западен Балкан се дел од Унијата. На пример, за Албанија и Северна Македонија, целта на Европската комисија е што поскоро да ги отвори пристапните преговори за првите таканаречени основни кластери“, рече фон дер Лајен.

Таа оцени дека одлуките донесени вчера на самитот на Европскиот совет покажуваат дека ЕУ ги исполнува своите ветувања.

„Причината за денешното проширување никогаш не била посилна и попривлечна. Во свет потресен од повеќе кризи, тоа е инвестиција во стабилност. Тоа е инвестиција во безбедноста и просперитетот на нашиот континент и голема инвестиција во демократиите“, рече Фон дер Лајен.
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, рече дека лично е убеден оти проширувањето е изборот за иднината на Европа, која во иднина ќе мора да биде постабилна, побезбедна и посигурна, како и попросперитетна.

„За нашите деца, мислам дека мора да биде постабилно, побезбедно и попросперитетно со земјите кои сакаат да ни се придружат во ЕУ. И тоа се однесува на земјите од Источното партнерство и Западен Балкан“, изјави тој.

Треба да знаете
Последни објави