Укината забранита за тешки товарни возила на патот Маврово – Дебар

ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта известува e укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Моментно сите забрани за сообраќај за тешки товарни возила се укинати, соопштуваат од ЦУК.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Треба да знаете
Последни објави