Сликите од вселената открија како биле изградени египетските пирамиди

Анализата на сателитски снимки откри дека во времето кога древните Египќани ги граделе пирамидите во Гиза, постоела гранка на реката Нил која течела во близина на местото каде што биле изградени пирамидите и дека нивото на водата било доста високо, пишува ИФЛ Наука. Египетските пирамиди претставуваат едно од седумте чуда на античкиот свет и се сметаат за најголем споменик и најспектакуларни достигнувања на древната египетска цивилизација.

Повеќето од нив биле изградени во периодот на Старото и Средното Кралство. Од сите пирамиди, трите големи пирамиди во Гиза се најпознати. Тие пирамиди биле изградени од фараоните Кеопс, Кефрен и Микерин помеѓу 2550 и 2490 година п.н.е.

Најголема е Кеопсовата пирамида, чија висина е 146 метри. За изградба на оваа пирамида биле искористени околу 2,3 милиони гранитни блокови со тежина од 2,5 до 15 тони. Пирамидите во Гиза привлекувале внимание низ историјата поради нивната монументалност и начинот на кој биле изградени. Често имало полемики за методите кои се користеле при нивната изградба, а едно од најинтересните прашања било поврзано со транспортот на огромните камени блокови кои биле донесени од далечни локации. Познато е дека овој вид товар може да се транспортира на долги растојанија со сплавови или бродови по Нил. Сепак, од Нил до местото на изградбата на пирамидите има и добар дел од земјиштето над кое требаше да се транспортираат блоковите.

д-р. Еман Гонеим прегледал бројни сателитски снимки од овој регион и открил дека низ Гиза некогаш течела гранка на Нил, по која биле наредени сите 38 пирамиди, вклучувајќи ги и трите големи пирамиди.

Во интервју за ИФЛ Наука, Гонеим вели дека оваа гранка била многу голема и широка, на некои места и до половина километар, што е приближно на широчината на денешниот Нил, па затоа не била мала, туку многу голема гранка на Нил.

-Од првичните истражувања не можеме да утврдиме дали оваа гранка била пловна, иако начинот на кој археолошките предмети се начичкани веднаш до брегот и се однесувале како антички пристаништа, укажува дека била. Испитувањето на составот на почвата на поранешното корито на реката треба да разјасни дали патот бил пловен при изградбата на пирамидите – нагласува таа.

Во блиска иднина, истражувачите ќе ја откријат не само тајната на изградбата на пирамидите, туку би можеле да откријат и делови од антички населби кои одамна биле напуштени и изгубени во природната миграција на Нил.

Геолозите и археолозите ќе имаат полни раце работа за да создадат нова слика на древниот Египет.

Треба да знаете
Последни објави