Search

Русија како во времето на падот на СССР – редици пред продавниците за да се купи храна

Видеа на социјални мрежи од оваа недела покажуваат дека во Русија сериозно се чувствуваат последиците од снакциите и воената агресија врз Украина. 

Како пред повеќе од 30 години, кога се распаѓаше Советскиот сојуз, граѓаните од рано наутро се пред продавниците и буквално се тепаат за да купат доволно намирници, по поевтини цени.

Русите чекаат во долги редици за да купат кутии со јајца од локалните тезги за да избегнат да платат високи цени во супермаркетите.

Инаку, цената на овој основен продукт во последните недели е зголемена за над 40 отсто, а според сведоштвата во видеата, некои маркети кои продаваат јајца со пониска цена, ја ограничуваат количината на максимум 20 јајца по купувач.

Треба да знаете
Последни објави