Search

Пендаровски се сретна со албанскиот претседател Бајрам Бегај

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај.

На средбата беше изразено задоволство од континуираниот политички дијалог, како и развојот на билатералните односи меѓу двете држави, при што беше нагласена обостраната посветеност кон добрососедските односи.

Двајцата претседатели посочија дека како сојузници во НАТО, двете држави се подготвени за збогатување на меѓусебната соработка, со цел поактивен придонес за просперитетот, стабилноста и безбедноста на регионот и на евроатлантската заедница.

Претседателот Пендаровски и претседателот Бегај разменија мислења и информации за европските интеграции, како и за исходот од Самитот на Европскиот Совет во Брисел. Тие ја констатираа потребата за деблокирање на процесите, како и продолжување на реформските процеси во двете држави.

Треба да знаете
Последни објави