Search

Мурињо состави идеален тим од фудблери со кои работел

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо состави идеален тим од играчи со кои соработувал во својата богата кариера.

Во тимот на Мурињо сосема очекувано нема ниту еден играч од актуелниот клуб Рома, а од 11 фудбалери дури седум доаѓаат од периодот кога тој работеше во Англија.

Во Премиер лигата работеше во Челси, Манчестер јунајтед и Тотенхем, но од последните два клуба нема ниту еден играч.

Ова е идеалниот тим на тренерот кој освојувал трофеи во Португалија, Англија, Шпанија и Италија:

Голман: Петр Чех (Челзи, Англија)

Одбрана: Хавиер Занети (Интер, Италија), Џон Тери (Челзи, Англија), Рикардо Карваљо (Порто, Португалија – Челзи, Англија и Реал Мадрид, Шпанија), Вилијам Галас (Челзи, Англија)

Ред за врска: Клод Макелеле (Челзи, Англија), Френк Лампард (Челзи, Англија), Месут Озил (Реал Мадрид, Шпанија)

Напад: Кристијано Роналдо (Реал Мадрид, Шпанија ), Еден Азар (Челзи, Англија) и Дидие Дрогба (Челзи, Англија).

Португалецот во својата кариера работеше во Бенфика, Леирија, Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Рома.

Треба да знаете
Последни објави