Костадиновска Стојчевска – Маргарити: Продолжуваме во духот на добрососедските односи и на мултикултурализмот

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска во Тирана оствари билатерална средба со министерката за култура на Албанија, Елва Маргарити, по повод првата успешна реституција и враќањето на незаконски изнесеното културно наследство од Македонија кое беше пронајдено во Албанија. – Успешната соработка е потврда за пријателството и довербата што ги негуваме како министерства за култура на Македонија и на Албанија – рече Костадиновска-Стојчевска, потенцирајќи ги добрата волја и посветеноста од двете страни за заштитата и промоцијата на заедничките културни обележја.

Министерката Костадиновска-Стојчевска порача дека во духот на добрососедските односи и на мултикултурализмот, како основа на нашите регионални политики, ќе се унапредува соработката, најавувајќи ја нејзината идеја и иницијатива за потпишување Меморандум за разменување стручен кадар, искуства и знаење меѓу уметниците и институциите помеѓу државите од Западен Балкан, соопшти Министерството за култура.

Треба да знаете
Последни објави