Search

Капетан во српската армија осуден на доживотен затвор – ја силувал својата ќерка

Советот на Вишиот суд во Лесковац прогласи за виновен капетан на војската на Србија за силување на неговата малолетна ќерка во периодот од ноември 2019 до мај 2022 година и го осуди на доживотен затвор.

Како што се наведува во соопштението, при одлучувањето за видот и мерката на казната, судот зел предвид бројни отежнувачки околности поврзани со начинот и времето на извршување на делото, личноста на обвинетиот, недостатокот на емпатија, тежината на последиците од кривичното дело, констатирајќи дека не постојат олеснителни околности.

„Судот утврди дека ваквата пресуда влијае врз другите граѓани да се воздржат од извршување на вакви и слични грозоморни кривични дела“, се вели во соопштението потпишано од претседателот на Вишиот суд во Лесковац, Небојша Стојичиќ.

Во текот на судењето и одлучувањето, јавноста беше исклучена.

Треба да знаете
Последни објави