Search

Генералниот секретар на Град Скопје се заканувал дека ќе се самоубие со пиштол!?

Министерството за внатрешни работи упати демант на тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека полицијата го штитела генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров за случај за семејно насилство.

„МВР целосно ги демантира лагите пласирани од партијата ВМРО-ДПМНЕ за наводно криење односно, како што велат, заташкување на пријавен случај во врска со лицето З.Г.. Вистината е дека СВР Скопје постапило и за овој случај по сите процедури, како впрочем и за сите други случаи. Имено, по добиена пријава од Љ.Г. на 17.11.2023 веднаш полициски службеници излегле на местото на настанот. Љ.Г. на полициските службеници им кажала дека по вербалната расправија З.Г. се заканувал дека ќе си го одземе животот со пиштол. Од страна на полициски службеници преземени се мерки и активности и на З.Г. му бил одземен пиштолот за понатамошна постапка. Апелираме до ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири лаги и да ја вознемирува јавноста“ стои во демантот на МВР.

Треба да знаете
Последни објави