Search

Во Србија и Чешка уапсени осомничени за лажни дојави за бомби во училиштата во Србија

Во голема акција за апсење во повеќе градови во Србија и Европа, уапсени се четири лица осомничени за лажни дојави за бомби во училишта во Србија.

Три лица се уапсени во Србија и едно во Чешка.

Министерството за внатрешни работи на Србија претходно соопшти дека до крајот на денот се очекува опсежна меѓународна акција за апсење на лица поврзани со чести пријави дојави за поставени експлозивни направи во различни образовни институции на територијата на Србија.

Министерството за внатрешни работи во соопштението наведува дека интензивно соработува со сите релевантни институции на национално и меѓународно ниво за идентификување на IP адресите на испраќачите на извештаите и нивните корисници.

Треба да знаете
Последни објави