Почина таткото на Кочо Анѓушев

Почина татко на познатиот бизнисмен и поранешен вицепремиер Кочо Анѓушев, Ангел Анѓушев.

Ангел Анѓушев починал на 82 години, по кратко боледување, во болницата Филип Втори, каде бил примен минатата недела по влошување на здравствената состојба.

Својот работен век го поминал како референт во некогашната велешка текстилна фабрика ,,Нонча Камишова’’.

Погребот ќе биде извршен во сабота во 13.00 ч. на градските гробишта Св. Спас во родниот Велес.

Треба да знаете
Последни објави