Search

Почесна награда Барбра Стрејсенд

Американската пејачка, актерка и продуцентка Барбра Стрејсенд беше прогласена за почесен добитник на овогодинешната награда „САГ“. Доделувањето на наградата ќе се одржи на 24 февруари.

„Оваа награда ми е особено важна бидејќи се доделува на моите колеги актери на кои многу им се восхитувам“, се заблагодарила актерката која првпат се појавила на филм во 1968 година. Тоа беше „Смешна девојка“, филм базиран на бродвејскиот хит „Смешна девојка“ и веќе на самиот почеток на кариерата го доби првиот Оскар за најдобра улога.

„Таа е грандиозна икона на неуморната трудољубивост која се развива во секоја фаза од нејзиното извонредно патување. Да ја почестиме Барбра Стрејсенд не само за нејзините достигнувања, туку и за трајното наследство што го остави“, рече претседателот на САГ, Фран Дрешер во соопштението за печатот.

Стрејсенд го освои вториот Оскар како автор на музиката за филмот „Ѕвезда е родена“, а се истакна и како режисер и продуцент на филмовите „Џентл“, „Принцот од плимата“, „Огледалото има две лица“, по што направи пауза од снимањето за да се врати со улога во комедијата „Запознај ги Фокерс“.

Таа има издадено бројни албуми, и создадено безвременски музички гитови, но ретко настапувала во живо поради паничен страв од публиката.

Во ноември ја објави книгата мемоари „Се викам Барбра“.

Треба да знаете
Последни објави