Скопје меѓу десетте најзагадени градови во светот

Во Скопје утрово воздухот е загаден и нездрав за дишење. Ова го покажува најпознатата интернет страница која го мери загадувањето на воздухот во светските метрополи. Според интернет – страницата iqair.com Скопје утрово по 8 часот е на девето место во светот според присутноста на опасните честички во воздухот.

Индексот на загадувањето е 165, а најприсутни се опасните честички ПМ2,5 со концентрација 82,1 микрограм на кубен метар воздух.

-Воздухот е нездрав за дишење. Не се препорачува активности на отворено, да се носат заштитни маски, прозорците по домовите да не се отвораат, е препораката на веб-страница.

Скопје и синоќа беше меѓу 10 најзагадени градови во светот. Се наоѓаше на осмото место, а највисоката концентрација на штетни честички во воздухот од 233 микрограми беше измерена во населбата Лисиче.

Треба да знаете
Последни објави