Search

Природата како лек: терапевтски ефекти од престојот во природа

Во современиот свет сè повеќе сме опкружени со бетон, технологија и урбаност, па често забораваме колку е важно поврзувањето со природата за нашето физичко и ментално здравје.

За среќа, се поголем број истражувања го потврдуваат она што многумина го чувствуваат – да се биде во природа може да има прекрасен ефект врз сите нас. Одење, вежбање на отворено или едноставно поминување време во природна средина може да го намали стресот, да го подобри расположението и да придонесе за целокупната благосостојба.

Намалување на стресот

Современиот свет донесе брз начин на живот, тешки обврски на работа и постојано поврзување преку технологијата. Често брзаме да исполниме се што се очекува од нас и на тој начин се занемаруваме себеси и нашите потреби. Овој начин на живот може да создаде хроничен стрес, кој има многу негативно влијание врз нашето целокупно здравје.

Доколку барате ефикасен начин за намалување на стресот, спасот побарајте го во природата. Научните истражувања покажаа дека само неколку минути во природа можат да го намалат нивото на кортизол, хормонот на стресот и да му помогнат на нашето тело и ум да се релаксираат. Тишината, мирисот на свеж воздух и зеленилото на природата благотворно делуваат врз нас и не враќаат во состојба на рамнотежа и спокојство.

Подобрување на менталното здравје

Освен што го намалува стресот, престојот во природа може да го подобри и нашето ментално здравје. Луѓето кои редовно поминуваат време во природа често забележуваат дека се порасположени, имаат помалку анксиозност и депресија, имаат поголема концентрација и се покреативни.

Природата ни дава простор да избегаме од секојдневните грижи и проблеми, како и да се поврземе со сопствените мисли и чувства. Одење во шума или престој покрај вода може да има медитативен ефект: го ослободува умот од непотребните мисли и ни носи внатрешен мир.

Физичка активност во природа: Подобрете ја вашата кондиција и зајакнете го вашето тело со свеж воздух и природна околина

Физичката активност во природна средина има и бројни придобивки за нашето тело. Вежбањето на отворено ни овозможува да дишеме свеж воздух, да чувствуваме сончева светлина и да вежбаме во природна средина, за разлика од вежбањето во затворен простор, кога сме изложени на вештачка светлина и вентилација.

Без разлика дали станува збор за трчање, возење велосипед или едноставно вежбање на отворено, природата не инспирира да се поврземе со нашите тела преку движење и да чувствуваме здрава виталност. Затоа е важно да научите да се мотивирате да вежбате дури и кога немате желба да излезете.

Многу е важно да се напомене дека физичката активност на отворено може да ја подобри нашата кардиоваскуларна кондиција, да ги зајакне мускулите и коските и да придонесе за превенција од многу хронични болести.

Поврзување со природата во урбана средина: Како да пронајдете природни оази во градот и да ги искористите

Дури и во урбаните средини, постојат многу начини за поврзување со природата. Посетете локален парк или градина, организирајте патување во природа или едноставно поминете некое време на тераса или балкон опкружен со растенија. Дури и малку време во природа може да биде корисно за нашето здравје и благосостојба.

Терапија со зеленило

Растенијата и дрвјата имаат извонредна моќ да влијаат на физичката и менталната благосостојба. Оваа зелена терапија, позната и како хортикултурна терапија, ја користи природата и растенијата како алатка за подобрување на здравјето и целокупната благосостојба. Без разлика дали се работи за градинарство, шетање низ паркот или едноставно гледање растенија, зелената терапија може да биде многу ефикасна.

Еден од главните начини на кои растенијата и дрвјата влијаат на нас е преку подобрување на квалитетот на воздухот. Растенијата апсорбираат јаглерод диоксид од воздухот и испуштаат кислород, а со тоа го подобруваат квалитетот на воздухот што го дишеме. Покрај тоа, некои растенија имаат способност да ги филтрираат штетните хемикалии од воздухот, како што се формалдехидот и бензенот. Во просториите каде што има изобилство на растенија се намалува концентрацијата на овие штетни материи, што може позитивно да влијае на нашиот респираторен тракт и општото здравје.

Терапијата со зеленило влијае и на нашата ментална благосостојба. Самото гледање во зеленило и пејзажи може да го намали нивото на стрес, да го опушти умот и да го подобри расположението. Зеленилото не враќа во природата и не потсетува дека сме поврзани со неа.

Градинарството, на пример, може да биде особено терапевтско, бидејќи ни дава можност да се поврземе со земјата, да садиме семиња, да ги негуваме растенијата и да гледаме како растат. Овој вид на активност на отворено може да донесе чувство на достигнување и задоволство.

Треба да знаете
Последни објави