Search

Пратениците и вработените во Европскиот Парламент предупредени да не пијат флаширана вода

Членовите на Европскиот парламент во Стразбур во четвртокот беа предупредени да не пијат вода од шишиња што се делат во дебатната сала, поради сомневање за контаминација откако луѓето се разболеле.

– Се бара да не пиете од ниту едно шише вода во просториите на ЕП во Стразбур – се наведува во итната СМС порака испратена до илјадници вработени и политичари, пренесува Политико.

Текстот дава медицински број за итни случаи за контакт „во случај на изложеност“ и вели дека шишињата биле дистрибуирани и во канцелариите на претседателката Роберта Мецола во четвртокот.

-Проверките се во тек – напишаа од прес-службата, од каде што нагласија дека пораката е испратена како мерка на претпазливост.

Официјален претставник на ЕУ рече дека на голем број луѓе им се слошило откако испиле флаширана вода, веројатно поради лошо измиено стаклено шише, но дека се опоравиле.

„Добро е што останав на виното“, рече еден претставник на ЕУ.

Зградата во Стразбур долго време има проблеми со безбедноста на водата за пиење, но најчесто од чешмите.

Треба да знаете
Последни објави