Search

Не можете да заспиете откако ќе се разбудите среде ноќ? Не правете две работи

Постојат голем број на причини поради кои може да се будиме ноќе. Од болка и непријатност, преку стрес и анксиозност, па сè до тоа дека ни е претопло или престудено. Без оглед на причината, ако често се будите навечер, има две грешки што мора да ги избегнувате, вели експертот за спиење Бикван Луо за Пост.

„Најдоброто нешто што треба да направите ако се разбудите среде ноќта е да останете на место. Обидете се да се опуштите и да спиете. Можете дури и да пробате некои техники за спиење, како вежби за дишење и слушање „бел шум“, изјави таа.

Ако сè уште не можете да заспиете, др. Луо советува да чекате 10 до 15 минути пред да станете од кревет.

„Обидете се да одите на тивко и удобно место, како каучот, и да прочитате книга или да направите нешто смирувачко додека повторно не заспиете“, советува таа.

Она што никогаш не треба да го правите е да го земете телефонот или да го погледнете часовникот.

„Проверувањето на времето може да го зголеми стресот и да го отежне спиењето. Телефонот може да биде премногу стимулирачки, што дополнително ве спречува да се опуштите и да заспиете“, вели др. Луо.

Треба да знаете
Последни објави