Search

Забрана за тешки товарни возила на Стража поради врнежи на снег

Авто мото сојузот на Македонија вечерва соопшти дека поради врнежи од снег на патниот правец Гостивар-Кичево од 22:15 часот е воведена забрана за тешки товарни возила. 

– Поради врнежи од снег од превентивни причини на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража од 22:15 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила, се наведува во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави