Search

Пронајдени 25 парчиња оружје и приведени две лица при претреси во Битола и битолско

Полициски службеници од СВР Битола денеска заради сомнение за сторено кривично дело по чл.396 од КЗ ги лишиле од слобода П.Ј.(68) од Битола и Т.Г.(61) од с.Канино,битолско. Имено, при извршен претрес со судска наредба од Основен суд Битола во куќа сопственост на П.Ј.(68) од Битола беа пронајдени и одземени 14 пушки, пет пиштоли, два револвери, разни делови за оружје и околу 300 куршуми различен калибар.


При претрес во с.Канино, битолско во домот на Т.Г.(51) од с.Канино, пронајдени и одземени се две ловни пушки, една воздушна пушка, еден пиштол, разни делови за оружје, како и патрони за пушка. Лицата се лишени од слобода и по документирање на случаите ќе бидат поднесени кривични пријави.

Треба да знаете
Последни објави