Search

Посетата на Зеленски на Вашингтон не успеа да го деблокира финансирањето на Украина

Посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Вашингтон не успеа да го надмине републиканското противење и да го деблокира финансирањето на Украина.

Првата средба во агендата на Зеленски беше во Сенатот, каде што тој разговараше со претседателот на Конгресот, Мајк Џонсон.

Џонсон, републиканец, рече дека неговиот состанок со Зеленски бил добар, но остана цврст на својата позиција дека американската граница треба да биде главен фокус, додавајќи дека одговорот на администрацијата на Бајден на барањата на републиканците на Конгресот е несоодветен.

Џонсон нагласи дека Белата куќа не успеала да формулира јасна стратегија за тоа како Украина може да победи во конфликтот.

Средбата на Володимир Зеленски со американскиот претседател беше одбележана со потврда на поддршката на Белата куќа за Украина. Џо Бајден рече дека Соединетите Држави ќе ја поддржуваат Украина со оружје и муниција „се додека можат“, прецизирајќи дека 200 милиони долари ќе му бидат доделени на Киев од пакетот што веќе го одобри Конгресот. Тоа, сепак, е мал дел од новата помош од 60 милијарди долари што ја побара администрацијата.

Украинскиот претседател објасни дека им кажал на Американците што сака да направи и дека одговорот бил позитивен. Конгресмените одат на божиќна пауза на 14 декември, така што е малку веројатно поместување на досегашните позиции.

Треба да знаете
Последни објави