Search

Уапсен вработен во ПУИГ во рамки на денешната голема акција на полицијата во Скопје

Како што дознава 24инфо.мк во денешната полициска акција за откривање на економски криминал, едно од уапсените лица е лице вработено во Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и деловен простор (АДСДП) поранешно ПУИГ.

Заради акцијата, во АДСДСП утрово и во текот на денов има засилено полициско присуство, полицијата се уште е присутна, а се прегледува и одзема и обемна документација од претпријатието.

Како што претходно дознавме, утрово се вршеа претреси на неколку локации, со кои се опфатени и повеќе скопски фирми кои биле инволвирани во економски криминал, веќе се уапсени десетина лица, а повеќе информации за целта на акцијата МВР најавува за подоцна во текот на денот.

Треба да знаете
Последни објави