Search

Претседателот на Анкарагучу кој го удри судијата лани добил награда за фер-плеј !

Претседателот на турскиот фудбалски клуб Анкарагучу, Фарук Коча заедно со уште две лица се упасени од полицијата поради вчерашните инцидентни сцени по натпреварот во кој неговиот тим Анкарагучу играше против Ризеспор. Коча со бокс го удри судијата Халил Умут Мелер, а потоа продолжи и да го клоца додека тој лежеше на тревникот.

За скандалот да биде уште поголем, Коча лице кое освои наградас за фер-плеј во турската Суперлига и тоа во 2022 година. Коча е долго време во турскиот фудбал, а тој е еден од политичарите кои беа дел од турското национално собрание од 2002 до 2011 година. Роден и израснат во Анкара, која двапати ја претставуваше во Парламентот.

-Инцидентот се случи поради низа неправилни одлуки и неговото провокативно однесување. Сакав вербално да изреагирам и да го плукнам во лице. Да, го удрив во пределот на лицето, а тој прво стоеше 5-10 секунди, а потоа падна, се бранел Коча пред полицијата.

Треба да знаете
Последни објави