Search

ЕУ со 40 препораки за да се стаса до независен Судски совет

Дел од 40-те препораки во извештајот на оценската мисија на Европската Унија (ЕУ) се однесуваат на критериуми за тоа кој може да биде член на судски совет, јасни процедури за разрешување на член и на претседател на судски совет… посочи денеска евроамбасадорот Дејвид Гир на брифинг со новинарите. ЕУ очекува итно да бидат спроведени 40 препораки за да се стаса до независен судскиот совет и тие да бидат приоритет на сегашната, но и на секоја идна влада и на сите правосудни институции во Северна Македонија.

По двете посети во земјава експертите од ЕУ заклучиле дека проблемите во Судскиот совет се акумулирани низ годините. Во Извештајот е наведено дека ЕУ очекува спроведување на 40. препораки. Гир истите ги класифицираше како краткорочни, среднорочни и долгорочни. За спроведување на 23 од нив, потребни се уставни и законски измени, додека 17 може да ги спроведе самиот Судски совет.

Извештјот со конкретните препораки нема да биде објавен, но надлежните веќе го добиле и се очекува да се почне со имплементирањето, бидејќи реформите во судството не можат да се заобиколат за влез на земјава во ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави