Search

Вучиќ: Доколку СНС ги загуби изборите ќе има и претседателски избори следната година

Предвремените парламентарни избори, вообичаени за повеќе од една деценија владеење на СНС, се најавени за 17 декември, кога ќе се изберат претставници во Собранието на Војводина и советници во 65 општини и градови, меѓу кои и Белград.

Актуелниот претседател на Србија Александар Вучиќ од самиот почеток на кампањата отворено ја промовираше листата на Српската напредна партија наречена „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“, на која ѝ го „позајми“ името за изборите, откако формално се повлече од челото на СНС во мај.

-Доколку листата на СНС ги загуби парламентарните избори, ќе се распишат претседателски избори следната година, кога тоа ќе го посака новата влада, во мај или септември, изјави Вучиќ во емисијата „Ќирилица“.

Тој рече дека „нема да учествува во власта без легитимитет“, потсетувајќи дека вториот претседателски мандат го добил со околу 2,3 милиони гласови.

-Ако народот сака промена на власта, за точно шест дена ќе бидам првиот што ќе ѝ честитам на опозицијата и ќе кажам: „Не сакам да владеам заедно со вас“, рече Вучиќ, обвинувајќи ја опозицијата дека не ѝ посакува добро на Србија. „Знам дека ќе ја срушите државата, знам какви капацитети, знам какви соништа имате, а што немате“, додаде тој.

Треба да знаете
Последни објави