Search

Јакимовски: Кај Алумина ќе се гради фасцинантен комплекс со 80% зеленило

Гостувајќи во емисијата „Здраво Македонијо“ , Јакимовски ги потенцираше следниве предности на ова архитектонско решение , кое сега е на јавна расправа:
– Станува збор за површина на која ќе доминира пред се зеленилото, кое ќе опфаќа вкупно 80% проценти од вкупната површина. Значи ќе биде еден од најхуманите и најзелените простори во Скопје
– Токму поради самата конфигурација на теренот на кој ќе доминира зеленилото, максималниот број на станбени единици/жители е 1500. Со тоа се води грижа да не се доведе до вештачка пренаселеност во општината.
– Главните улици/паркинзи ќе бидат подземни со што жителите на општината Карпош нема да имаат директен допир со издувните гасови, а ќе се излегува од четири излези, со цел да се намали евентуалното оптоварување
– Инвеститорот е обврзан да обезбеди/изгради градинка која ќе биде наменета како за жителите на комплексот но и за останатите жители на опш. карпош со што дополнително ќе се намали притисокот врз негувателските институции во општината.
– Размакот помеѓу станбените згради особено на делот на ул. „Прашка“ ќе биде околу 35 метри со цел самите згради да не фрлаат сенка на зградите од спротивната страна на улицата
– Од инвеститорот се бара и гаранција за користење на најквалитетни материјали кои ќе бидат еколошки но и енергетски ефикасни.

Дополнително во самата емисија беше потенцирано дека не постои друг комплекс во градот Скопје, кој има одвоено олку голем процент од површината , 80%, со цел зазеленување на овој резиденцијален дел на Карпош како и намалување на загаадувањето во овој дел на Скопје

Треба да знаете
Последни објави