Search

Пронајдена дрога, приведен малолетник

Денеска (11.12.2023) во Скопје, на подрачје на Влае, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје лишија од слобода малолетник од скопско, велат од МВР.

Кај него е најдена и одземена кеса со марихуана, по што бил приведен во полициска станица и во консултација со Јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави