Search

Пендаровски за Јован Митрески: Тој е одлично решение, чесен, домаќин човек и најдобар професионалец во сегашната пратеничка постава

Изборот на Талат Џафери за премиер на техничката Влада и Јован Митрески за претседател на Собранието се одлични решенија, изјави претседателот Стево Пендаровски во интервјуто за „360 степени“, коментирајќи го договорот помеѓу СДСМ и ДУИ.

Тој посочи дека Талат Џафери како долгогодишен пратеник, заменик министер и министер за одбрана има огромно политичко искуство и ги познава процедурите и во Владата и во Парламентот, додека пак Јован Митровски е еден од најдобрите професионалци и човек со интегритет во сегашната постава на СДСМ.

„Јован Митрески е еден од најдобрите, ако не е и најдобар професионалец во сегашната постава на СДСМ, не затоа што е координатор, туку затоа што е човек кој навистина си ја заработува својата плата работејќи го она што му е задача како пратеник. Негова единствена маана во време на социјални мрежи е тоа што тој не го рекламира тоа што го работи, како некои други кои се сликаат десет пати дневно, а не работат ништо, а земаат пратеничка плата. Јован Митрески е одлично решение, одличен професионалец, чесен и коректен лик, човек со интегритет и образ, домаќин човек“ оцени Пендаровски.

Треба да знаете
Последни објави