Search

Не сме далеку од ЕУ, за 7 години можеме да бидеме земја членка уверува вицепремиерот Маричиќ

„Особено ме радува што поминавме 30 тина проекти на Европската Унија, кои се успешни приказни и се дел од нашата македонска успешна приказна. Имав можност да посетам наши компании кои се успешни приказни и сите тие го кажуваат истото. Сакаме во Европската Унија што побрзо, сакаме да живееме европски, сакаме да се развиваме европски, ги сакаме и европските вредности, европските фондови, ние припаѓаме во Европа, ние сме Европа,“ порача заменикот на Претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ на отворената трибина за граѓаните од кампањата ,,Ние сме Европа“, посветена на темата – енергетикa во Куманово.
Маричиќ се заблагодари на сите учесници на трибините од кампањата „Ние сме Европа“ на кои како што посочи се зборуваше за европските вредности.

„Треба да бидеме горди на еден процес кој за прв пат се случи во овие две години, а тоа е процесот на отворање на преговорите кои ги отворивме минатиот јули после 17 години, и имавме интезивен период од 15 месеци, на учество во скринингот, кој се затвори минатата недела. Околу 100 работни дена, 1000 учесници, 850 презентации. Она што го приметивме таму е дека не сме толку далеку од ЕУ, но исто така не смееме да стоиме повеќе во место,“ рече Маричиќ.

Тој посочи дека се она што можело да се направи без крупни одлуки во Собранието, е направено. Како и дека сме половина усогласени со европското законодавство и ги применуваме европските стандарди, но има уште многу работа.

„Пред само седум години бевме држава во сериозна политичка криза држава која беше означена како заробена држава денеска сме веќе со започнати преговори, а за само седум години можеме да бидеме членка на ЕУ. Затоа да продолжиме по овој пат бидејќи таму припаѓаме. Да живее европско Куманово, да живее Европска Северна Македонија,“ порача Маричиќ.

Треба да знаете
Последни објави