Во Кисела Вода по сообраќајка на три возила шестмина повредени

Во скопската населба Кисела Вода синоќа оклу 23 часот во сообраќајна несреќа во која учествувале три возила повредни се 6 лица кои завршиле на прегледи во болница.

Несреќата се случила на крстосницата од бул.„Борис Трајковски“ и ул.„Народни Херои“ помеѓу три возила: патничко моторно возило „Мерцедес“ со италијански национални ознаки, патничко возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки управувано од 43 годишен скопјанец и возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки управувано од лице на возраст од 41 година од селото Батинци.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и четворица сопатници од двете возила „Ауди“ констатирани во градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје информираат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави