Search

Кралицата Елизабета сакала принцот Хари и Меган Маркл да добиваат „ефективна“ безбедност поради можни закани

Желбата на кралицата Елизабета била принцот Хари и Меган Маркл да продолжат со добивање ефикасни и ефективни мерки за безбедноста пред нивното преселување во САД, открива писмото кое е доставено како доказ во Високиот суд во рамките на актуелна тужба за клевета на принцот Хари против весникот „Мејл он сандеј“, објави „Сандеј тајмс“.

Писмото, напишано од приватниот секретар на кралицата, било испратено во јануари 2020 година од собирот на членовите на кралското семејство во селскиот дом на кралицата во Сандрингем, Норфолк, на кој се разговарало за иднината на принцот Хари и Меган, откако тие ги објавија своите намери да се повлечат од кралските должности.

„Добро ќе разберете дека безбедноста на војводата и војвотката од Сасекс е од огромно значење за нејзиното височество и нејзиното семејство“, се вели во писмото.

„Со оглед на јавниот профил на војводата врз основа на тоа што е роден во кралското семејство, неговата воена служба, сопствениот независен профил на војвотката и добро документираната историја на таргетирање на семејството Сасекс од страна на екстремистите, императив е семејството да продолжи да се обезбедува со ефективна безбедност“.

Писмото беше понудено како дел од новите докази на тридневното сослушување во Лондон оваа недела во врска со случајот за клевета на Хари проти ввесникот.

Војводата ја тужи Associated Newspapers Ltd (ANL), издавачот на Дејли Меил и Сандеј Мејл за клевета поради напис од 2022 година.

Во одделен случај, исто така поврзан со неговата безбедност во неговата матична земја, Хари исто така го оспорува Извршниот комитет за заштита на кралското семејство и јавните личности (RAVEC) поради нивната одлука да го отстранат неговото полициско обезбедување во Обединетото Кралство по неговото и на Меган заминување од позицијата ангажирани членови на кралското семејство во февруари 2020 година.

За време на сослушувањето оваа недела, Хари зборуваше дека сака неговите деца „да се чувствуваат како дома“ во неговата родна земја, што не може да се случи без адекватни мерки на безбедност.

Војводата, кој не се појави на суд, во изјавата споделена од неговите адвокати рече дека „се чувствувал принуден“ да се повлече од своите кралски должности со сопругата Меган (42) и да ја напушти Велика Британија во 2020 година со синот Принц Арчи, кој сега има 4 години и да го основаат својот нов дом во САД.

„Голема тага и за нас двајцата беше што се почувствувавме принудени да се повлечеме од оваа улога и да ја напуштиме земјата во 2020 година“, рече Хари во изјавата, според ИТВ. „Велика Британија е мојот дом. Обединетото Кралство е централно за наследството на моите деца и место каде што сакам тие да се чувствуваат како дома исто како и местото каде што живеат во моментов во Соединетите држави. Тоа не може да се случи ако не постои можност да се чувствуваат безбедни кога се на тлото на Велика Британија“.

Треба да знаете
Последни објави