Search

Работнички лесно мина во Гостивар, Пелистер се потеше со Кожув во Битола

Кошаркарите на најтрофејниот македонски тим Работнички брзо се рехабилитираа од минатонеделниот шок и остварија убедлив триумф на гостувањето кај Гостивар во салата „Младост“ (65:86). Во рамките на 11. коло од прволигашката конкуренција во мак-баскетот вечерва победа, многу потешко од очекувањата забележа и фаворитот Пелистер во дуелот пред своите навивачи со Кожув (72:61).

Работнички доби три од четирите четвртини, а најрасположени за игра беа Рикиќ со 23 поени и 14 скокови, Трајс со 17 и Ефремовски со 16 кошеви. Џонс и Вилијамс со по 15 поени беа најефикасни кај домаќините.

Пелистер во последната четвртина која ја доби со 17:10 го скрши отпорот на незгодниот гостин од Гевгелија. Планиниќ со 14 кошеви и Маслинко со 12 беа најефикасни кај битолчани.

Во третиот одигран натпреавр вечерва Охрид загуби од Чаир со 64:74.

Треба да знаете
Последни објави