Search

„Петка“ за Баерн во Франкфурт

Германскиот фудбалски повеќекратен првак Баерн Минхен во 14. коло од бундеслигашката конкуренција доживеа дебакл на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт каде загуби 5:1. На домаќинот Ајнтрахт му беа доволни триесетина минути за да го најви убедливиот триумф. Поведе со 3:0 со погодоците на Мармоуш, Дина Ебимбе и Ларсон. Пред крајот на првиот дел Баерн намали на 3:1 со гол на Кимих.

Наместо битка во второто полувреме, Баерн беше целосно разоружан со уште два гола од Ајнтрахт кои ги постигнаа Дина Ебимбе и Кнауф за убедлив триумф (5:1).

Во другите денешни мечеви: Хајденхајм – Дармштад 3:2, Унион Берлин – Менхенгладбах 3:1, Вердер – Аугсбург 2:0, Волфсбург – Фрајбург 0:1.

Треба да знаете
Последни објави