Search

Нетанјаху: Војната за елиминација на Хамас продолжува

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјхау порача дека праведната војна којашто ја води Израел во Појасот Газа за да го „елиминира“ палестинското радикално движење Хамас ќе продолжи. Тој го поздрави ставот на САД кои ставија вето на резолуцијата во Советот за безбедност при Обединетите нации со која се бараше итен прекин на непријателствата во палестинската енклава и придржување до меѓународното хуманитарно право.

-Другите земји мора да разберат дека не може од една страна да се поддржува елиминирањето на Хамас, а од друга страна да се повикува на ставање крај на војната, што би ја оневозможило елиминацијата на Хамас, истакна Нетанјаху.

-Израел ќе ја продолжи својата праведна војна за елиминација на Хамас, рече израелскиот премиер.

Светските агенции забележуваат дека Израел досега не пружил никакви докази и снимки за елиминирани милитанти, како што редовно емитува за наводно откриено нивно оружје.

Треба да знаете
Последни објави