Search

Миовски погоди, Абердин направи пресврт

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски го предводеше шкотскиот Абердин до прва победа по подолга пауза од еден месец. Абердин во 17. коло од прволигашката конкуренција во Шкотска со пресврт пред своите гледачи го совлада Хартс (2:1).

Миовски го најави пресвртот со израмнувачки гол во 53 минута. Ова за македонскиот интеранционалец беше шести погодок на 15 одиграни натпревари за него во оваа конкуренција.

Победничкиот погодок Абердин го постигна во 92 минута преку Кларксон, кој се најде на вистинското место и донесе три бода за составот преводен од Робсон.

Абердин сега имаат 16 бода и е на 9. место на табелата.

Треба да знаете
Последни објави