Search

Група од дваесетина навивачи на Динамо Загреб излезе од затвор во Грција со кауција

Дваесетина навивачи на повеќекратниот хрватски фудбалски шампион Динамо Загреб, од групата „Бед Блу Бојс“ денеска се пуштени од затвор во Грција, каде поминаа четири месеци поради учество во безредија со физикчи пресметки во кои загина еден грчки навивач. Нередите се случија во август годинава пред првиот натпревар од Лигата на шампионите со АЕК, кој пак поради трагичниот настан не се одигра во закажаниот термин.

Ова е прва група од повеќето притворени навивачи која е ослободена од затворските казни со кауцијата која за нив е платена од страна на Амбасадата на Хрватска во Грција.

„ХРТ“ пренесува дека дел од трошоците биле покриени со пари кои ги уплаќале и некои хрватски фудбалери.

На ите на Динамо кои беа во затвор од август годинава, поради физичките пресметки со навивачите на грчкиот клуб АЕК од Атина, вчера им е укинат истражниот затвор, но еден од условите за нивно ослободување била кауцијата.

Треба да знаете
Последни објави