Search

(Видео) Во пукотница во Шведска повредени тројца тинејџери

Голема полициска акција е во тек во Ховсјо, југозападно од шведскиот град Седертеље. Најмалку тројца тинејџери биле застрелани и пренесени во болница, а напаѓачот е во бегство.

-Најдовме три лица кои беа застрелани, на отворено и блиску едно до друго – изјави портпаролот на тамошната полиција.

Според информациите на шведскиот портал СВТ, застрелани се тројца тинејџери родени 2006 и 2007 година, од кои едниот е во критична состојба. Сите повредени се пренесени во болница, додека полицијата трага по напаѓачот.

Полицијата била повикана на местото на настанот нешто пред 19 часот по локално време од мештаните кои мислеле дека слушнале петарди или огномет во областа.

Треба да знаете
Последни објави