Search

Мекарти го поддржува Трамп за претседател

Кевин Мекарти, кој поднесе оставка од Претставничкиот дом на американскиот Конгрес откако претходно годинава беше сменет од функцијата негов претседател, изјави дека го поддржува републиканецот Доналд Трамп за претстојните претседателски избори, пренесоа американските медиуми.

Мекарти, исто така, рече дека ќе размисли да стане дел од неговиот кабинет доколку Трамп, кој нашироко се смета за републикански фаворит за победа на претседателската номинација, на крајот победи на претседателските избори и се врати во Белата куќа.

-Ќе го поддржам претседателот Трамп, рече Мекарти во делови од интервјуто на Си-Би-Ес кое во целост ќе се емитува утре наутро, пренесе БТА.

Запрашан дали би работел во администрација предводена од Трамп, Мекарти рече дека „ако тоа е вистинската позиција, тогаш да“.

Треба да знаете
Последни објави