Во пожар во куќа во Кичево настрадал сопственикот

Лице на 79 години рано утрово било пронајдено починато во опожарена куќа во Кичево, соопшти МВР.

-На 09.12.2023 година во 04.45 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека во куќа во Кичево, сопственост на Т.Ј.(79) од Кичево, настанал пожар. При интервенција на Територијалната противпожарна единица, бил пронајден починат сопственикот на куќата, соопшти полицијата.

Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кичево

Треба да знаете
Последни објави