Во Охрид затекнато лице како употребува кокаин во угостителски објект

На 09.12.2023 во 02.55 часот, во угостителски објект на булеварот „Железничка“ во Охрид, приведен е А.Т. (33) од охридското село Пештани.

Тој е затекнат при употреба на кокаин,  а при извршен преглед кај него се пронајдени и одземени предмети со остатоци од кокаин. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави