Приведено лице по распишана потерница за доиздржување на тригодишна затворска казна

Денеска (08.12.2023) полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода П.И.(27) од с.Црвулево, општина Карбинци.

Тој бил баран по распишана потерница врз основа на наредба за од Казнено-поправна установа Затвор Штип со која се барал за доиздржување на казна затвор од три години.

Лицето е предадено во надлежната казнено-поправна установа за доиздржување на казната.

Треба да знаете
Последни објави