Search

Јувентус го совлада Наполи и времено го запоседна врвот во Серија А

Јувентус во првиот натпревар од 15. коло во италијанската фудбалска Серија А, како домаќин го совлада актуелниот првак Наполи (1:0) и се искачи времено на лидерската позиција. „Старата дама“ има еден бод повеќе од Интер, кој својот натпреавр од оваа рунда со Удинезе ќе го одигра утре. Дефанзивецот Гати на поетокот од второто полувреме беше стрелец за нова победа на Јувентус во Торино.

Наполи не реализира две иделани шанси во првото полувреме. Македонскиот фудбалски репрезентатвец Елиф Елмас во тимот на Наполи доби шанса да заигра во 64. минута.

Наполи постигна гол по големата грешка во исфрлањето на топката на Шчесни, но истиот беше поништен сопомош на ВАР, поради офсајд на Осимен.

Треба да знаете
Последни објави