Search

Путин најави дека ќе се кандидира на претседателските избори во 2024 година

Рускиот претседател Владимир Путин денеска најави дека ќе се кандидира за претседател на изборите во март 2024 година.

Одлуката Путин ја соопшти во Кремљ, на дцеремонија на одликување.

Откако Путин ги одликуваше воените ветерани кои се бореле во Украина со највисоката руска воена чест, златната ѕвезда Херој на Русија, потполковник Артјом Жога, командант на баталјонот Спарта, побара од претседателот повторно да се кандидира.

Владимир Путин е на власт како претседател или премиер на Русија од крајот на минатиот век, што го прави лидер на Кремљ со најдолг стаж по Јосиф Сталин.

Во април 2021 година, тој потпиша закон што му дозволува да се кандидира за уште два шестгодишни мандати.

Претседателските избори во Русија се закажани за 17 март 2024 година

Треба да знаете
Последни објави