Search

ЕУ ќе ги повика сите земји од Западен Балкан да воведат санкции кон Русија

На заеднички самит следната недела, Европската унија ќе побара од земјите од Западен Балкан целосно да се усогласат со политиката на санкции против Русија.

Во нацрт-декларацијата, што треба да се усвои на крајот на самитот, се наведува дека усогласувањето со политиките на ЕУ е јасен знак за стратешката ориентација на партнерите, сега повеќе од кога било, во контекст на руската агресивна војна против Украина и другите безбедносни предизвици.

Шефовите на држави и влади на земјите-членки на ЕУ на 13 декември ќе се сретнат со колеги од шесте земји од регионот на редовниот годишен самит ЕУ-Западен Балкан.

„Заедничката визија за иднината вклучува заеднички вредности и заедничка одговорност. Додека ја продлабочуваме нашата соработка со партнерите, ги повикуваме да направат брз и одржлив напредок кон целосно усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, вклучително и рестриктивните мерки на ЕУ, како и да се постапат во согласност со тоа“, се наведува во нацрт-декларацијата. 

Треба да знаете
Последни објави