Search

Абердин за четири милиони фунти ќе се согласи да го продаде Миовски

Македонскиот фудбалски репрезентаитвец Бојан Миовски можно во зимскиот преоден рок да ја промени средината, но да продолжи со своите забележителни настапи во шкотската лига каде одлично се снајде во дресот на Абердин. Добрите настапи и погодоците кои ги реди го направија Миовски еден од посакуваните напаѓачи за тренерот на Селтик, Брендан Роџерс. За ангажирањето на Миовски во Селтик свое мислање презентираше и поранешниот фудбалер и новинар Марк Гиди, кој за македонскиот напаѓач има само пофални зборови. Гиди смета дека Миовски е одличен фудбалер, а тоа го докажал и на натпреварот против уште еден великан на шкотската фудбалска сцена Ренџерс, кога постигна гол за Абердин (1:1) на 26 ноември. -Миовски е репрезентативец на Македонија и игра во континуитет добро. Мислам дека Абердин се надева од продоажабата на својот напаѓач да заработи околу 4 милиони фунти. Не верувам дека ќе ја добијат таа цена. За тоа дали е желба на Селтик? Не знам. Дали треба да го земат во предвид? Секако. Миовски ја познава шкотската лига, а Селтик ќе изгуби неколку напаѓачи идниот месец, па дефинитивно треба сериозно да размисли за Бојан, вели Гиди. Абердин го купи Миовски за 650.000 фунти во 2022 година од унгарскиот МТК Будимпешта. Миовски има четиригодишен договор со четирикратниот првак на Шкотска, Абердин.

Треба да знаете
Последни објави